Јувентус загуби 160 милиони евра поради поразот од Атлетико Мадрид

Италијанскиот првак Јувентус претрпе пораз од 2-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите и на тој начин сега е многу блиску до елиминација од елитната лига на УЕФА. Досега, никогаш претходно Јувентус не успеал да се пласира во следната фаза ако на првиот меч загубил со 2-0. 

Поразот во Мадрид влијаеше на целата економска слика во Јувентус. На берзата во Милано акциите на Јувентус паднаа дури за 13 отсто, а тоа значи загуба од 160 милиони евра. Во изминативе месеци, акциите на Јувентус константно растеа, а најголема причина за тоа беше доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Токму поради големиот раст на акциите, се очекуваше дека може наеднаш да се случи и пад на акциите, но никој не ни можеше да замисли дека тоа ќе биде за 13 отсто. Акционерите во Јувентусе се загрижени поради овој пад, но сè може да се врати на свое место доколку на 12-ти март Јувентус успее да ја анулира негативата против Атлетико Мадрид и да се пласира во четврт-финалето од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести