Јуве никогаш не одел понатаму по 0-2

Јувентус е во многу непријатна позиција пред реванш-дуелот со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Традицијата покажува дека „старата дама“ никогаш не успеала да надомести пораз од 0-2 по првиот меч во еден елиминациски двобој во еврокуповите, а пет пат се нашле во таква ситуација.

Од друга страна, Атлетико само еднаш бил елиминиран по домашна победа од 2-0, и тоа против турски Ѓозтепе пред 52 сезони, во тогашниот Куп на саемски градови. Со Симеоне како тренер, Атлетико никогаш не испаднал по победа во првиот меч.

Човекот кој беше донесен во Јувентус за на клубот да му донесе европска слава и титула, Кристијано Роналдо, синоќа не постигна гол, остана само на еден погодок во ЛШ сезонава (во поразот од Јунајтед), а ги провоцираше фановите на Атлетико со покажувањето пет прсти, симболизирајќи дека има пет титули во ЛШ, за разлика од „јорганџиите“, кои немаат ниту една.

Роналдо ќе биде под огромен притисок дека мора да помогне во елиминацијата на Атлетико, како што тоа го правеше со Реал. Ако не успее, тогаш неговата дебитантска сезона како член на Јуве ќе биде неуспешна бидејќи во споредба со лани, тимот ќе назадува во ЛШ и нема да ја одбрани титулата во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести