Јужноамериканските тинејџери кои треба да бидат ѕвезди во Реал и Челзи, блеснаа во Либертадорес купот (Видео)

Актуелниот бразилски шампион Палмеирас со пресврт победи со 3:2 на гостувањето во Еквадор на дуелот против Индепендиенте дел Вала во меч од третото коло на Копа Либертадорес. Во фокусот на овој меч беа неколкумина талентирани тинејџери од кои се очекува во скоро време да бидат и светски познати ѕвезди.

Кај домаќините се истакна 16-годишниот Кендри Паез, кој веќе има договорено трансфер во Челзи, додека очекувано прва ѕвезда кај гостите е една година постариот Ендрик, кој веќе е светски познат и ова лето треба да направи трансфер во Реал Мадрид. За Палмеирас играа и уште двајца големи таленти, а тоа се Естевао (17 години) и 18-годишниот Луис Гилерме.

Голеадата на овој меч ја отври најмладиот, Кендри Паез. Тинејџерот кој ќе го облече дресот на Челзи даде фантастичен погодок од 20-тина метри за водство на Индепендиенте и тој погодок може да го видите ТУКА. Потоа Паез имаше и асистенција за 2:0 за домаќините.

Пресвртот на Палмеирас започна токму со погодок на Ендрик. Тинејџерот кој веќе има и два погодоци за националниот тим на Бразил погоди со глава во финишот на првото полувреме. Погодокот на Ендрик може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Палмеирас даде уште два гола за комплетен пресврт и победа од 3:2. Со овој триумф, Палмеирас стигна до седум бода од три кола и е лидер во групата во која Индепендиенте е втор со четири бода, пред Ливерпул Монтевидео и Сан Лоренцо.

- Оглас -

Најнови вести