Кабај по четири години се врати во Франција, ќе игра за Сент Етјен

Јохан Кабај го засили Сент Етјен и по 4 години пауза се врати во Франција. Играчот од средниот ред има 48 настапи за актуелниот светски првак и ќе биде големо засилување за една од најтрофејните екипи од Франција.

Кабај ја почна кариерата во Лил и играше за овој клуб 7 сезони, за потоа да се пресели во Њукасл во Англија. Направи кам-бек во својата земја и една сезона беше фудбалер на Пари Сен Жермен, но потоа пак се врати на Островот, како играч на Кристал Палас. Играше и за Ал-Наср и сега пак ќе настапува во Франција.

Кабај потпиша едногодишен договор со Сент Етјен, екипа која старуваше одлично во Лига 1 со победа и реми. Доколку биде подготвен за настап, утре Кабај може да дебитира за новиот клуб токму против својот матичен клуб Лил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести