0.8 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

„Каде е Јамал? Ете го во џебот на Кукуреља“

Челзи на домашен терен ја победи Барселона со 3-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Жул Кунде си постигна автогол во 27-та минута, а за Челзи стрелаа Естевао и Лиам Делап. Барселона од 44-тата минута играше со играч помалку откако стоперот Роналд Араухо доби втор жолт картон.

Херој на триумфот на Челзи е левиот бек Марк Кукурељa, кој совршено го чуваше Ламин Јамал.

Кукурељa (27) е дете на Барселона, во Ла Масија дојде како 14-годишник и остана во клубот осум години. Сега е херој на победата против својот поранешен клуб откако ја сопре 18-годишната суперѕвезда, кој е негов соиграч во репрезентацијата.

Роберт Санчес, голманот на Челзи, по натпреварот даде и интересна изјава.

„Каде е Јамал? Кукурељa го стави во џеб“, а потоа упати порака и до младата ѕвезда на Барса: „Сите се одлични додека не дојдат во Англија.“

На прашањето дали Барселона беше фаворит, Санчез одговори со насмевка: „Барселона фаворит? Не, фаворити сме ние“.

Кукурељa објасни како успеа да го сопре Ламин Јамал.

„Се обидував да му го направам натпреварот што е можно потежок. Настојував да го насочам кон средината, каде што е Каиседо. Не можев да го оставам сам на десната страна. Тоа му е послабата нога, но никогаш не знаеш како ќе поминеш со такви играчи“, истакна Марк Кукуреља.

- Оглас -

Најнови вести