Новиот клуб на Лео Меси продолжува со катастрофалните игри во американската МЛС лига. Интер Мајами синоќа го доживеа и шесттиот пораз по ред, откако загуби со 3-1 на гостувањето кај Њу Ингланд.
Клубот од Флорида останува последен на табелата во Источната конференција со заостанување од седум бодови од екипите кои се на местата кои водат во плеј-офот.
Колку Лео Меси е заинтересиран за неговиот нов клуб говори и изјавата на неговиот кум Кун Агуеро.
– “Му кажав дека екипата му заостанува и дека треба да стигнат до осмото место за да играат во плеј-офот, а тој само се смееше.“ – изјави Агуеро.
Лео Меси во моментов е на азиска турнеја со репрезентацијата на Аргентина и се уште не е познато кога ќе дебитира за Интер Мајами.