9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Кадетите ќе играат против Бугарија за трето место на турнирот „Миљан Миљаниќ“

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години, загуби од Србија со 0-2 во полуфиналето на меѓународниот пријателски турнир „Миљан Миљаниќ“ во српскиот град Стара Пазова.

Задутре во дуел за трето место, нашите кадети предводени од селекторот Дашмир Беари, ќе играат против Бугарија, која во другото денешно полуфинале, беше поразена од Црна Гора со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести