Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години загуби од врсниците од Република Ирска со 67-70 и сега по две кола имаме биланс 0-2, кој најавува борба за опстанок, а не посакуваниот плејоф на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.
Нашите таленти играа добро 30 минути, водеа со 13 поени раззлика, но последната четвртина ја загубија со 11-27 и му дозволија на противникот да направи пресврт.
Македонија имаше плус четири на една минута до крај, но Ирците прво погодија тројка за 66-67, па на 22,4 секунди до крајот О’Нил даде два плус еден за 69-67 и потоа нашиот тим имаше напад, но по едно недоразбирање топката беше загубена и тоа беше најава за нов пораз, по оној од Кипар во првото коло. На 11 секунди до крај беше 70-67 и селекторот Пепиќ побара нов тајм-аут.
Сотир и Рајковски имаа по еден неуспешен обид за тројка, па Македонија го претрпе вториот пораз на ова првенство.