Јоаким Лев има неочекуван проблем и, како што објави „Билд“, нема да може да ги гледа во живо од трибините натпреварите во Бундеслигата од 16 мај до крајот на сезоната.
Кај Германците нема попуст за никого, па ниту за селекторот на националната репрезентатција, а Лев ќе мора дополнително да се снаоѓа за да ја следи формата на актуелните, но и потенцијалните репрезентативци на Елфот.
Протоколите се јасни, на стадионите ќе можат да бидат само играчите, тренерите, медицинскиот персонал и дел од луѓето што ќе бидат логистика за да се одиграат мечевите од преостанатите 9 кола во Бундеслигата и во популарната Цвајта.
Секако, ќе има место и за ТВ-екипите кои ќе бидат задолжени за преносите, а Германците очекуваат вистински бум.
Вчера во изјава за германските медиуми директорот на Баерн Минхен и легенда на фудбалската игра, Карл-Хајнц Румениге изјави дека очекува над милијарда луѓе да ги следат преносите на дуелите од Бундеслигата, а како што тргнало меѓу нив ќе биде и селекторот Лев.