Ќе им ја земат славата на Белорусите – Бундеслигата ќе ја гледаат милијарда луѓе

Бундеслигашите почнуваат на 16 мај, повторно ќе има фудбал во Германија, а рестартувањето што е прво од Топ-5 фудбалските првенства во Европа ќе го гледаат околу милијарда луѓе со ТВ-преноси, проценува легендата Карл-Хајнц Румениге.

Диреткторот на Баерн Минхен очекува голем аудиториум на планетата да ги следи мечевите од германското првенство.

„Први од Топ-5 лигите успеавме да обезбедиме услови за рестартување на првенството и очекувам да ја искористиме одлично ситуацијата. Бундеслигата ќе биде во фокусот во мај и очекувам мечевите да ги следат милијарда луѓе низ ТВ-преноси“, вели Румениге.

Доскоро Белорусите беа единствени што играа фудбал во Европа во период на најголемата криза со ковид-19, но веќе се приклучуваат и други првенства, па сега Германците се подготвуваат да го преземат кормилото и мечевите од Бундеслигата да направат бум со ТВ-преносите.

Ќе имаат и одлична предност во однос на најквалитетните и најгледаните европски првенства бидејќи Шпанците и Англичаните најавија камбек дури во јуни, во Италија сè уште не се знае кога и дали ќе продолжат мечевите од Серија А, а Франција веќе прогласи крај на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести