10.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Кајл Вокер призна: „Направив грешка што го напуштив Манчестер сити“

Кајл Вокер, некогашниот дефанзивец на Манчестер сити, кој кратко време беше на позајмица во Милан, призна дека направил грешка кога реши да го напушти тогашниот англиски шампион. Во интервју за „Скај Спортс“, Вокер откри дека решението било „егоистичко“ и дека можел да му помогне на тимот со своето искуство и присуство во соблекувалната.

„Дали требаше да заминам од Манчестер сити и да одам во Милан? Како капитен на клубот, требаше да бидам на предната линија кога работите не одат добро. Погледнувајќи назад, веројатно не требаше да си заминам“, рече 35-годишниот дефанзивец.

Причината за трансферот во Италија била желбата да игра како стандарден првотимец, нешто што веќе не можеше да го оствари на „Етихад“. Иако во Милан беше редовен играч и запиша 16 настапи во втората половина од минатата сезона, Вокер смета дека можел повеќе да помогне доколку останел во Сити.

„Мислам дека би било поразумно да останам со моите соиграчи, со луѓето што ги сметам за семејство. Жал ми е што ги оставив. Но, секогаш ме привлекуваше идејата да играм во странство, а кога клуб како Милан ти нуди договор, тешко е да кажеш ‘не’“, додаде тој.

Во моментов, ветеранот повторно настапува во Премиер лигата, но не за Манчестер сити, туку за Барнли. тимот кој се врати во елитниот англиски ранг на крајот од минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести