Кајри Ирвинг нема да се откаже од правото на сопствен избор да не се вакцинира иако ќе загуби најмалку 17 милиони евра по одлуката на Бруклин нетс да не му дозволат да тренира со тимот и да игра.
„Овде не се работи ниту за Бруклин, ниту за НБА, туку за право на личен избор. Право на слобода и сопствен избор. Сега сакаат да ме демонизираат, но мене ми е гајле за парите. Сакам да им бидам идол на младите на еден правилен начин, да одлучуваат сами и со своја глава“, напиша Кајри на „Инстаграм“.
По одлуката на њујоршките власти дека ниту еден спотртист не може на терен без вакцинација, првично личеше дека Ирвинг ќе ги прошушти само домашните дуели на Нетс и тие против градскиот ривал Њујорк никс, но раководството на Бруклин донесе одлука да не му дозволи да тренира и да игра додека не се вакцинира.
Ирвинг е еден од најдобрите бекови во НБА-лигата, но како што тргнала работата, нема да игра во новата сезона што ќе почне за една седмица.