Станува опасно за кариерата на Кајри Ирвинг – Мрежичките не му дозволуваат да тренира и да игра додека не се вакцинира

Кајри Ирвинг е во многу незгодна ситуација откако одби да се вакцинира, а сега му е загрозена и НБА-кариерата по одлуката на раководството на Бруклин нетс да не му дозволат да тренира и да игра за нив додека не се вакцинира.

„Ние го почитуваме изборот на Кајри. Тоа е негова одлука, но тимот не може да трпи поради тоа. Неговата одлука да не се вакцинира го спречува да игра на голем дел од натпреварите во НБА-лигата според строгите ковид-19 протоколи што не се во наш домен. Ние не можеме да имаме во клубот кошаркар што делумно ќе биде на располагање во НБА-сезона и затоа одлучивме Ирвинг да не тренира и да не игра за нас сè додека не ги почитува правилата“, објави генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс.

Досега Ирвинг сметаше дека ќе може да игра барем на половина од натпреварите бидејќи њујоршките власти им забранија на спортистите да играат без да се вакцинираат, а Бруклин е дел од Њујорк.

Тоа ќе значеше дека Ирвинг немаше да може да игра на домашните мечеви и на сите против локалниот ривал Њујорк никс, но сега по одлуката на раководството на Нетс, ќе паузира сè додека не прими вакцини против ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести