Како да загуби Ѓоковиќ, кога освојува и вакви „загубени“ поени без да гледа каде го испраќа топчето (Видео)

Новак Ѓоковиќ до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралијан против сензацијата Карацев од Русија дојде со четвртфинален триумф над Александер Зверев од 3-1 во сетови, а во финишот на мечот против Германецот, светскиот рекет број 1 имаше еден потег кој ги воодушеви сите.

Штом освои и таков поен, беше јасно дека ова е негов ден. Новак покажа дека за него нема загубен поен и тоа го разликува од останатите кои се доста помлади од него и му го напаѓаат тронот, меѓу нив и Зверев. Популарниот Саша мислеше дека освоил поен и престана да трча, но не беше така, топчето падна во негово поле по тешката одбрана на Србинот, кој не ни гледаше каде ќе го врати топчето, туку само се трудеше да го стигне.

- Оглас -

Најнови вести