Андреас Кристенсен од денеска и официјално е нов играч на Барселона. Данскиот стопер доаѓа на „Камп ноу“ како слободен играч откако пред еден месец му истече договорот со Челзи. Кристенсен потпиша договор на четиригодишна верност со каталонскиот гигант, а на промоцијата откри една интересна ситуација што ја имал кога бил дете.
„Кога имав само осум години, требаше да напишам кои се моите желби. Една од желбите ми беше да станам професионален фудбалер и да заиграм за Барселона. Ова е многу горд ден за мене и едвај чекам да започнам тука“, рече Кристенсен.
https://twitter.com/i/status/1545009954662371328
Кристенсен кариерата ја започна како младинец во Брондби, а од таму пред 10 години потпиша за Челзи, каде што помина две години во младинската екипа, а дебито за првиот тим го имаше во 2014 година. Еден дел од кариерата ја помина и како позајмен играч во Борусија Менхенгладбах, а сега е нов играч на Барселона.