Кошаркарската репрезентација на Словенија загуби со 100:89 од Канада во четвртфиналето на Светското првенство, а мечот го одбележа и исклучувањето на Лука Дончиќ.
Ѕвездата на Далас маверикс и на Словенија незадоволен од делењето на правдата на судиите во еден момент им гестикуларише дека се корумпирани.
https://twitter.com/i/status/1699434106960908703
Дончиќ потоа одби да даде изјава во микс зоната, но се појави на прес-конференцијата.
„Судиите не досудија прекршок врз мене. Знам дека често негодувам, но мислам дека не беа фер. Канаѓаните играа агресивно врз мене, а тоа не е фер. Многумина не го сакаат Брукс, но јас го почитувам. Морам да бидам подобар за тимот, да ги контролирам емоциите бидејќи дефинитивно сè тргнува од мене“, изјави Дончиќ.