Историја и за Канада на СП, првпат ќе игра во полуфинале

Репрезентацијата на Канада е последниот полуфиналист на Светското кошаркарско првенство. Тие попладнево ја совладаа Словенија со 100-89 и на тој начин за првпат во својата историја обезбедија пласман помеѓу најдобрите четири светски селекции.

Првото полувреме мина во израмнета игра и двете репрезентации добија по една четвртина со идентични 26-24, за нерешени 50-50 на полувремето.

Во вториот дел Канада направи предност која успеваше да ја сочува до самиот крај за конечни 100-89. Александер со 31 поен беше убедливо најефикасен на мечот, додека неговиот соиграч Берет уфрли 24 поени. Во поразениот состав најпрецизен беше Лука Дончиќ со 26 поени.

Во полуфиналето на Светското првенство ќе играат: САД – Германија и Србија – Канада.

- Оглас -

Најнови вести