Како е можно? Манчестер јунајтед рамо до рамо со Кристал палас, но сепак има 17 бода повеќе!

Во досегашните 19 меча кои сезонава ги одигра Манчестер јунајтед, гигантот од „Олд Трафорд“ само на 27 отсто од мечевите бил во преност. Тоа е неверојатно малку ако се знае дека Црвените ѓаволи досега освоија 40 бодови и имаат само еден бод помалку од лидерот Манчестер сити.

Колку за споредба, Сити сезонава во 55 отсто од натпреварите бил во предност, што е безмалку двојно повеќе време од тоа што го има Јунајтед како водство со ривалите. Зад Сити на ова рангирање е Тотенхем, кој во 53 отсто од мечевите бил во водство, но токму Тотенхем е екипата која загуби најмногу бодови по нивно водство. Лондончани досега има освоено 33 поени.

Освен Сити и Тотенхем, ниту еден друг клуб нема ни 40 отсто од времето да биде во водство. Саутхемптон е трет на листата со 37 отсто од времето поминато на теренот да има водство, а потоа следуваат Астон вила (31 отсто), Евертон, Лестер и Ливерпул со по 30 отсто и Арсенал со 29 отсто време на теренот во кое имале позитивен резултат.

Манчестер јунајтед со 27 отсто е на делба на позицијата со Кристал палас и Челзи. Фактот дека Манчестер освои 40 бода, а Кристал палас само 23 бода доволно зборува за карактерот на Црвените ѓаволи и нивниот квалитет да се вратат од негатива и во второто полувреме да стигнат до посакуваниот резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести