Како Ѓоковиќ доби дозвола да игра во Мелбурн, а не е вакциниран?

Новак Ѓоковиќ денеска ги реши сите дилеми околу тоа дали ќе настапи на првиот гренслем-турнир во Австралија. Србинот објави дека е подготвен за на пат во Австралија и да го брани тронот во Мелбурн.

Со ова Ѓоковиќ ја доби повеќемесечната борба со властите во државата Викторија и организаторот на Отвореното првенство на Австралија, кои стриктно тврдеа дека на турнирот може да играат само вакцинирани тенисери.

Како се случи Ѓоковиќ да добие дозвола да игра во Мелбурн, посебно ако се знае дека Австралија ги има едни од најстрoгите правила и прописи кога се работи за пандемијата со корона-вирусот?

„Соработуваме со Владата на државата Викторија за да можеле да воспоставиме фер и независни протоколи за оние кои со медицинска потврда ќе објаснат зошто не се вакцинирани. Процесот го водат независни стручњаци и секој случај посебно ќе биде разгледан. Секој тенисер кој ќе побара да игра невакциниран, ќе мора да има лекарска потврда зошто не е вакциниран“, рече директорот на турнирот, Крег Тили, кој претходно откри дека 95 од најдобрите 100 тенисери на АТП-листата се вакцинирани.

Во посебниот медицински одбор има тројца доктори, и тоа еден лекар по општа медицина, еден имуниолог и еден епидемиолог. Идентитетот на тенисерите кои пред овој одбор ќе треба да објаснат зошто не се вакцинирани ќе остане непознат за јавноста.

 

- Оглас -

Најнови вести