Како изгледа уличен фудбал во фавелите на Бразил? Ечи химната од ЛШ, има и пехари и пукотници (Видео)

Химната од Лигата на шампионите, пехари и пукотници ги дочекаа финалистите во уличниот фудбал во фавелите во Бразил. Изгледа скромно, но популарните Кариоки кога фудбалот е во прашање знаат од ништо да направат нешто.

И во скромни услови на улиците во познатите фавели во најтрофејната земја со пет светски титули се беше подготвено за спектакл. Пехарите ги чекаа и најдобрите екипи и поединци, а пред почетокот на мечот се интонираше и химната од Лигата на шампионите.

Street Champions League in Brazil from soccer

Во Бразил многу популарен е уличниот фудбал, од каде и потекнуваат големите мајстори на таканаречениот голем фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести