Како изгледаат играчите на Бенфика после нападот на автобусот? (Фото)

Навивачите на Бенфика, незадоволни од нерешениот резултат на нивниот тим против Тондела, го каменуваа автобусот со играчите на лисабонскиот гигант, а најдебелиот крај го извлекоа Србинот Андрија Живковиќ и Германецот Џулијан Вајгл. На Живковиќ мало парче од искршеното стакло му влегло во око, па мораше итно во болница, а исекотини има и Вајгл.

Живковиќ на Инстаграм објави фотографија на која тој и Вајгл се во позитивно расположение.

„Сакаме да ве известиме дека двајцата сме добри. За жал, не можеме да го оправдаме ваквото однесување. Без оглед на ова, ќе продолжиме да се бориме за Бенфика и да даваме максимум. Благодариме на поддршката“ – напиша Живковиќ.

Вајгл веројатно беше многу потресен во овој инцидент, бидејќи се потсети на 2017 година кога тој доживеа уште поголема траума, и бомбашки напад пред мечот од ЛШ помеѓу Борусија Дортмунд и Монако.

 

- Оглас -

Најнови вести