Нападнат автобусот на Бенфика: Двајца фудбалери завршија во болница (Видео)

Автобусот со кој се превезувале фудбалерите на Бенфика, доцна синоќа бил нападнат од група хулигани. Како што пренесуваат медиумите во Португалија, нападот го извршиле токму навивачите на португалскиот гигант. Хулиганите биле во заседа, а кога поминал автобусот фрлале со камења.

Искршени се неколку прозори од автобусот, а најмногу настрадале Андрија Живковиќ и Жулијан Вигел, кои завршиле во болница. Двајцата имаат повреда на очите и тоа од стаклата кои се распрскале. Интересно е што Вигел втор пат е сведок на напад на автобус, затоа што тој беше и во автобусот на Борусија Дортмунд кога во 2017 година беше цел на бомбашки напад.

За нападот е обвинета групата која се вика „’No Name Boys“. Причина за нападот е слабата игра и лошиот резултат на Бенфика на синоќешниот меч против Тондела. Бенфика беше апсолутен фаворит, но на крајот одигра 0:0 на свој терен и освои само еден бод. Со овој кикс Бенфика пропушти шанса да се искачи на лидерското место на табелата, па сега има 60 бодови, колку што има и лидерот Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести