19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Како Манчестер јунајтед прослави победа против Саутхемптон пред да биде шокиран на „Олд Трафорд“? (Фото)

Манчестер јунајтед пропушти голема шанса да се искачи на третото место во Премиер лигата, а со тоа и да биде во позиција сам да си одлучува за пласман во Лигата на шампионите, но доживеа шок во дуелот со Саутхемптон. Црвените ѓаволи водеа со 2:1 на „Олд Трафрод“, кога судијата покажа дека ќе се играат дополнителни 5 минути. Поминаа и тие пет минути, но мечот не заврши.

Арбитерот реши да дозволи да се игра уште една минута плус, а тогаш се случи шокот. Саутхемптон со голот на Обафеми израмни на 2:2. 

Ваков расплет на мечот сигурно не очекувал администраторот на фејсбук-страницата на Манчестер јунајтед кој веројатно уште пред да заврши средбата, објави дека Манчестер јунајтед победил со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести