Шок во 96-тата минута за Манчестер јунајтед – Патот кон ЛШ станува тежок за Црвените ѓаволи (Видео)

Манчестер јунајтед не успеа да го продолжи победничкиот поход по рестартот на сезоната во Премиер лигата, прими гол во 96-тата минута и одигра само 2:2 на домашен терен против Саутхемптон.

Мајкл Обафеми со гол во 96-тата минута го нокаутира фаворитот и ги намали шансите на Манчестер јунајтед за настап во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1282782887830585344?s=20

Резервата на Саутхемптон погоди во последен момент и го врати Јунајтед на петтата позиција на табелата, што не води во ЛШ.

Дуелот со Саутхемптон на „Олд Трафорд“ почна лошо за фаворитот, а Стјуарт Армстронг погоди во 12-тата минута. Претходно погреши Пол Погба, а Светците поведоа со 1:0.

https://twitter.com/rustygorelick/status/1282757028323233800?s=20

Сепак, домаќините брзо се вратија од почетниот шок и експресно израмнија, па потоа и поведоа со 2:1.

Маркус Рашфорд во 20-тата минута ја искористи итрата реакција на Антони Марсијал и израмни на 1:1. Во тој момент Рашфорд поведе со 16:15 во голови во трката со Марсијал за најдобар клупски стрелец на Манчестер јунајтед сезонава во Премиер лигата.

Антони Марсијал не чекаше долго за да се израмни со Рашфорд по бројот на голови, а со неговиот погодок во 23-тата минута Црвените ѓаволи поведоа со 2:1, предност што ја имаа до самиот финиш.

https://twitter.com/ManUnited_ENG__/status/1282758374795476992?s=20

За да не стигнат до долгоочекуваната трета позиција, се погрижи Мајкл Обафеми со гол за 2:2 во последен момент. Јунајтед остана на петтото место со 59 бода, колку што има и Лестер на четвртата позиција. До крајот на првенството има уште три кола, а во последното Црвените ѓаволи ќе му гостуваат токму на Лестер.

- Оглас -

Најнови вести