Како можеше? На празни трибини втрча на терен со дресот на Меси, на крајот си замина со плачење (Видео)

Барселона лесно со 4:0 ја победи Мајорка на нејзин терен и само потврди дека паузата од три месеци не влијаела многу на големите ѕвезди. Каталонскиот гигант со оваа победа сега избега пет бода пред Реал Мадрид, кој вечерва на свој терен игра против Ејбар.

По два гола во двете полувремиња даде Барселона, а покрај погодоците, во 55 минута се случи една чудна ситуација. Непознато момче кое на себе носеше дрес на Аргентина од Лионел Меси, втрча на теренот и сакаше да се фотографира со капитенот на Барселона.

Фудбалерите збунето гледаа што се случува и од каде се појави момчето, ако се знае дека средбата се играше без присуство на гледачи и трибините беа празни. Меси даде еден гол на мечот и тоа во последната минута од мечот, кога момчето веќе беше уапсено.

https://twitter.com/i/status/1271916315356389376

 

- Оглас -

Најнови вести