Хјустон загуби на гостувањето кај Сан Антонио дури по две продолженија со 135:133 во највозбудливиот меч одигран утрово во НБА-лигата. Гостите постојано беа во водство, а на седум минути до крајот, Џејмс Харден успеа да украде една топка и непречен од никого тргна на забивање.
Харден атрактивно ја заби топката, која потоа се вплетка во мрежичката, па тоа ги збуни судиите. Арбитрите покажаа како топката да излезе од обрачот, но не беше така. За несреќа на Харден и Хјустон, поените не беа признати, а подоцна се покажа дека тоа е и клучен момент на средбата бидејќи Сан Антонио успеа да ја стигне негативата и да се избори за продолженија, а на крајот и да победи.