Како од бајките: По суспензија од 14 месеци се врати и стана светска шампионка

Американската скијачка Бризи Џонсон е освојувач на златниот медал на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во австрискиот Залбах. Бризи се расплаче откако сфати дека е шампионка во спуст, бидејќи никој не очекуваше ваков расплет.

Да биде подвигот уште позначаен, Џонсон до оваа титула стигна откако се врати по 14 месечна суспензија. Таа беше суспендирана поради непочитување на правилата на Анти-допинг агенцијата. Таа не се појавила на три покани за тестирање, па доби суспензија од 14 месеци.

Од октомври 2023 до декември 2024 година Џонсон немаше право да се натпреварува. Тоа значи дека пред нешто повеќе од еден месец откако и заврши суспензијата, Бризи стигна до најдобриот резултат во кариерата.

Искусната 29-годишна скијачка никогаш претходно не била ни во Топ 5 на големи натпреварувања. Најголемиот успех го имаше на Олимписките игри во Пјонгчанг во 2018 година. Во трки од Светскиот куп успеала седум пати да биде на пиедесталот, но никогаш не победила. Последен пат на пиедесталот беше во 2021 година, што само е уште една потврда колку големо изненадување е нејзината денешна победа на Светското првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести