Како поскапувањето на билетите во превозот донесе одложување на цело првенство

Фудбалскиот шампионат во Чиле е стопиран на неодредено време, а причина за тоа се уличните немири кои ги има во оваа земја од Јужна Америка. Мечевите кои требаа да се одиграат во период од 25 до 28 октомври се одложени на неодредено време.

Во вчерашните насилни протести настрадаа 11 луѓе. Поголем дел од загинатите се во пожари кои биле подметнати во трговски центри. Немирите во Чиле започнаа откако на 6 октомври властите решија да ја зголемат цената на билетите во метро транспортот. Мирните демонстрации за брзо време се претворија во насилни протести.

Протестантите веќе запалија неколку метро станици, повеќе автобуси и државни згради.

Според проценките, досега е направена штета во вредност од 200 милиони долари. Во главниот град Сантијаго владее полициски час.

- Оглас -

Најнови вести