Како реагираше Роналдињо кога дозна дека ќе излезе од затвор (Видео)

Роналдињо веќе втор ден како не е во затвор. Некогашниот најдобар фудбалер во светот решетките од парагвајскиот затвор ги замени со многу поудобен куќен притвор во елитен хотел. За Роналдињо и неговиот брат Роберто Азис беа платени 1,6 милиони долари и сега во притвор ќе го чекаат судењето.

Бразилскиот виртуоз се најде во судар со законот, откако беше фатен како сака да влезе во Парагвај со лажен пасош. Поради тоа, Роналдињо и неговиот брат поминаа 32 дена во затвор, а дури потоа беше дозволено да оди во куќен притвор.

Парагвајската АБЦ телевизија објави видео во кое се гледа како судијата Густаво Америља преку видеоразговор ја соопштува одлуката за притвор на Роналдињо и брат му. Откако дозна дека ќе си оди од затвор, Роналдињо не можеше, а да не ја покаже неговата препознатлива насмевка која му беше карактеристична и додека играше фудбал.

Двајцата обвинети не смеат да го напуштат Парагвај, каде што дојдоа за да присуствуваат на промоцијата на книгата на Роналдињо „Гениј“. Сепак, наместо промоција на книгата, поранешниот освојувач на „Златната топка“ сега заглави низ правните лавиринти во Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести