Од затвор, Роналдињо се префрли во луксузен притвор (Фото)

Роналдињо малку го намали кошмарот кој го поминува во изминатиов период. Некогаш најдобриот фудбалер во светот 32 дена беше во затвор во Парагвај, откако беше фатен како сака да влезе во земјата со фалсификуван пасош.

Иако се очекуваше Роналдињо брзо да биде пуштен, Бразилецот повеќе од еден месец заглави во затвор, а дури синоќа доби дозвола да биде префрлен во куќен притвор. Со гаранција од 1,6 милиони долари, беше пуштен и затворските решетки ги замени со хотел во кој треба да остане додека не дојде судењето.

Според тоа како изгледа хотелот во кој ќе престојува Роналдињо во домашен притвор, сигурно ќе му биде многу подобро отколку во претходните 32 дена поминати во затворот.

- Оглас -

Најнови вести