Како ретко кога, прогнозерите сигурни во победа на Македонија

Во колот број 29 на Спортска прогноза, посебно внимание привлекува дуелот на Македонија против Лихтенштајн, кој ќе се игра во Скопје во рамките од второто квалификациско коло за СП 2022.

Како ретко кога, прогнозерите се сигурни дека нашите Рисови ќе извојуваат триумф на Националната арена против аутсајдерот во групата Ј. Дури 98,87% од учесниците кои од вчера до денес ги приложиле своите прогнози, очекуваат составот на Игор Ангеловски в недела навечер да ги освои бодовите.

Секако дека овој дуел ќе ја одреди трката за премијата во бесплатната игра – „ајфон 11“, кој се доделува за погодени максимални 13 парови. За 12-ка следува ваучер од обложувалниците Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодени, ваучер од 500 денари кој може да го искористите во Sport Life.

Не треба да се заборави дека сите прогнози, заедно со резервните парови, влегуваат во вкупниот збир во Генералниот пласман, каде што по крајот на сезоната прогнозерот со најмногу погодени парови ќе добие награда Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести