Летните олимписки игри завршија. Повеќе од две недели траеја натпреварувањата во стотина различни дисциплини во различни спортови, на кои беа доделени многу медали. На крајот, Американците со 113 освоени медали од кои 39 златни, 41 сребрени и 33 бронзи се најуспешна нација. На второто место е Кина со 88 медали (38 злата, 32 сребра, 18 бронзи).
Домаќинот Јапонија е на третото место со 58 медали од кои 27 се златни, 14 сребра и 17 бронзи. Во топ 10 се најдоа и Велика Британија, Русија, Австралија, Холандија, Франција, Германија и Италија. Македонија со еден освоен сребрен медал, тој на Дејан Георгиевски во таеквондо, се најде на делба на 77 место на оваа листа.
Освен ранкингот по бројот на освоени медали, се направи уште една листа и тоа за медали по број на жители на земјата. На тоа рангирање првото место убедливо го освои Сан Марино. Малата европска земја која има нешто помалку од 34.000 жители, освои три медали, односно медал на секои 11.310 жители.
На второто место на оваа листа е Бермуда со еден медал на 63.918 жители и Гренада која има медал на 112.523 жители. на оваа листа во Топ 10 има место и за Хрватска и Словенија. Македонија која освои еден медал на нешто помалку од два милиони жители не е ни во Топ 30 на оваа листа.
Спектакуларното затворање на Игрите може да го видите ТУКА.