Згасна олимпискиот оган, Токио се збогува со пораката „Arigato“ (Фотогалерија)

Олимписките игри во Токио завршија. По 32-ти пат во историјата на Летните олимписки игри згасна олимпискиот оган, а домаќинот се заблагодари со пораката „Arigato“ што во превод значи Ви благодариме!

Игрите во Токио беа од 23 јули до 8 август, а вкупно учествуваа 205 земји.

Имаше речиси 11.000 спортисти кои се натпреваруваа во 33 спортски дисциплини, а беа одржани вкупно 339 спортски настани на вкупно 42 борилишта.

Македонија на ЛОИ освои еден медал и тоа сребрениот на Дејан Георгиевски во таеквондо.

Следните Олимписки игри ќе се играат во Париз во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести