Како се ближи ЕП, така паѓа квотата за победа на Македонија над Украина

Победата на ракометната машка репрезентација на Македонија в петок вечерта против Украина во дуелот од првото коло на Европското првенство во групата во Виена е извесна, барем според квотите во обложувалниците Sport Life.

До пред три дена, кога најавивме како стојат коефициентите, тогаш „кецот“ за победа на нашите беше 1.30, додека сега е малку падната на 1.25. Двојката за победа на Украина скокна од 5 на 5.50. Букмејкерите најавуваат и дека Македонија ќе ја мине групата во Виена. Квотата дека Македонија во друштво на Украина, Чешка и Австрија ќе биде прва е 2.85. Австријците се први фаворити во групата со 2,40, а Украина е аутсајдер.

Тимот вечерва треба да пристигне во Виена, а од РФМ известија дека денеска се направени испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото. По добиените резултати, препорака на докторот е дека Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели, што значи дека нема да може да помогне на континенталниот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести