Одлични вести во најава: Македонија ќе победи на првиот меч на ЕП во Виена

Македонската ракометна репрезентација ги привршува подготовките за настап на претстојното европско првенство во Австрија. Нашата селекција е во група со Украина, Чешка и домаќинот Австрија.

Првиот предизвик за Македонија е дуелот против Украина на 10 јануари. Против овој ривал досега сме играле четири пати, а интересно е што билансот е израмнет. Двете селекции имаат по една победа, а два меча завршиле нерешено. Тоа е само показател дека кога играме против Украина, сме навикнати да биде неизвесно до самиот финиш.

Сепак, според коефициентите во Sport Life, повеќе од јасно е дека Македонија е фаворит во дуелот против Украина на ЕП 2020. За триумф на нашата селекција, коефициентот е 1,30 додека за победа на Украина коефициентот изнесува дури 5. Ако сепак верувате дека овие две селекции по трет пат во петиот меѓусебен меч може да одиграат нерешено, тогаш имаше одлична шанса да заработите на коефициент 11.

Пред заминување на македонската репрезентација во Словенија каде ги одработува последните подготовки и капитенот Кирил Лазаров рече дека Македонија ќе биде „благ фаворит“ во сите три меча од групната фаза. Тоа значи дека Македонија реално може да очекува да биде на една од првите две позиции и да обезбеди место во главната групна фаза, каде ќе биде борбата и за место во полуфиналето. Во прилог на Македонија оди и фактот дека Украина загуби на последните шест кои ги одигра, а последната победа ја има на 13 април 2019 година.

Sport Life како и секогаш ви нуди можност да се обложите на сите мечеви кои ќе се играат на ракометното ЕП, а веќе ја имате понудата за првите 12 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести