Како се освојува IPhone XS? Играјте Спортска прогноза

Манчестер сити против Лестер е дерби за второто место во Премиер лигата. Според многумина, Граѓаните се апсолутни фаворити, а и фактот дека играат на свој терен им дава предност, но Лестер сезонава покажа дека може секого да изненади.

Сити го загуби последниот меч на свој терен во градското дерби од Манчестер јунајтед, па сигурно нема да сака да дозволи две разочарувања во низа пред своите фанови. Лестер има четири победи по ред на гости, па ќе биде многу интересно да се види кој е во предност.

Ова дерби од Премиер лигата е само еден од 13-те натпревари кои се на понудата за ова 16-то коло на Спортска прогноза. Ако успеете да ги погодите сите 13 мечеви, премијата е мобилен телефон  IPhone XS, што ја доделува Sport Life. И за 12 и 11 погодоци има изненадувања, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

Спортска прогноза е бесплатна игра на која може само да добиете. Затоа не чекајте и веднаш прогнозирајте.

- Оглас -

Најнови вести