Како се станува капитен на Манчестер за девет месеци? Погледнете го Бруно на тренинг (Видео)

Само девет месеци му беа потребни на Бруно Фернандеш да покаже дека е главен играч на Манчестер јунајтед. Португалецот дојде на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, а само по неколку месеци играње, го доби признанието за најдобар фудбалер во сезоната во Манчестер.

Фернандеш стана главен изведувач на пеналите, но и влијателен на теренот. Бара од сите соиграчи максимално да се залагаат во секој момент од мечот, па често знае и да искритикува некого. За својата игра, борбеност и залагање, Бруно вечерва за првпат ќе истрча со капитенската лента во дресот на Манчестер.

„Не го очекував ова и е голема чест за мене. Да се предводи Манчестер како капитен, е големо постигнување за мене“, рече Фернандеш, кој преку последното видео на тренингот на Манчестер покажува дека постојано сака перфекција.

На вчерашниот тренинг, Фернандеш му се налути на новиот соиграч Алекс Тељес затоа што полека му ја додаде топката и играчот кој беше „во средина“ ја пресече топката. Многумина ваквиот потег на Фернандеш го протолкуваа дека Португалецот е „вистински материјал“ за капитено на Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/i/status/1318200161940668417

 

- Оглас -

Најнови вести