1.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Како селекторот на Германија го стисна тастерот и им ја подари победата на Србија (Видео)

Србија го направи првото изненадување на Европското првенство во ракомет откако со 30:27 ја победи Германија во второто коло. Со овој триумф Србија ги зголеми шансите да ја помине групата, а Германија ќе стрепи до последниот момент во дуелот против Шпанија во последното коло.

Мечот меѓу Србија и Германија, според многумина беше решен од еден неверојатен момент. Србија водеше со 26:25, а Германија беше во напад. Германците направија одлична акција и постигнаа гол од пикер позиција, но во ист момент кога топката влезе во мрежата, нивниот селектор Алфред Гисласон го стисна тастерот за да побара тајм-аут. Судиите го поништија голот, а Гисласон побара да се гледа ВАР снимка дали топката влегла во голот пред да биде побаран тајм-аутот. Арбитрите внимателно гледаа и буквално за милиметри топката не поминала низ гол-линијата навреме, затоа што се пали црвената ламба.

По тајм-аутот Германците не реализираа напад, Србија погоди на две и пол минути до крајот. Следуваше нов лош напад на Германија, односно промашен пенал, па Србија поведе со 28:25 и беше јасно дека ќе победат.

- Оглас -

Најнови вести