Роберто Гаљардини имаше епска утка во 64-тата минута, кога само од два-три метри сам пред голот на Сасуоло ја погоди пречката и тоа е веројатно и клучниот момент што го спречи Интер да победи.
Гаљардини беше сам и налета на одбиената топка од голманот на Сасуоло, но не успеа да погоди од многу лесна ситуација.
https://twitter.com/HagiSauce/status/1275874331843854340?s=20
На неверојатното промашување бесно реагираше тренерот на Нераѕурите, Антонио Конте, кој почна да шутира сè околу себе, но попусто.
Во продолжението од мечот Сасуоло успеа да освои бод со реми 3:3 и да остане непоразен на „Џузепе Меаца“ седми пат по ред.
Интер последен пат го има победено Сасуоло на свој терен во 2014 година, и тоа со убедливи 7:0, но оттогаш Сасуоло доминира против фаворитот на легендарниот стадион во Милано.