Интер не знае како да го победи Сасуоло – Драмата на „Џузепе Меаца“ заврши со шест гола и реми (Видео)

Интер повторно не успеа да го победи Сасуоло на „Џузепе Меаца“ откако вечерва во исклучително возбудлив меч одигра 3:3.

Серијата на ривалот што е многу незгоден за Нераѕурите продолжи и Сасуоло остана без пораз на легендарниот стадион во Милано и шеста година по ред.

Последен пат Интер го победи Сасуоло на „Џузепе Меаца“ со 7:0 во 2014 година и оттогаш има само две ремија и пет порази на свој терен од денешниот ривал.

Франческо Капуто со гол во четвртата минута најави успех на гостите, а Интер со два гола во самиот финиш на првиот дел најави пресврт за победа. Ромелу Лукаку и Бираги донесоа насмевки во домашниот табор, а Интер замина на пауза со предност од 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=3c6kNyKLjQs

Во трилер финишот паднаа три гола, а Берарди израмни на 2:2 од пенал во 81-вата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=SNcyIVQtQDs

Кога Борха Валеро со погодок во 86-тата минута повторно му донесе предност на Интер, се чинеше дека фаворитот ќе победи, но Мањани израмни на 3:3, за по еден бод на двете екипи.

https://www.youtube.com/watch?v=DMSR3m8gGgo

Интер сега има 58 бода на третото место и заостанува зад лидерот Јувентус за 8 бода и четири зад Лацио, кој има меч помалку. Сасуоло е на 12-тата позиција во Калчото со 33 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести