Челзи вчера беше голем фаворит на „Стемфорд Бриџ“ против Вест хем, но на крајот загуби со 0:1. Овој резултат е посебно изненадувачки ако се види статистиката. Домаќините имаа 66 отсто посет на топката, упатија 19 шута кон голот на гостите, а ниеднаш не погодија.
Главен виновник што Челзи не се израдува на погодок е гостинскиот чуцар на мрежата, Дејвид Мартин. Тоа е 33-годишен поранешен голман на Вимблдон, МК Донс, Ливерпул и Милвол. Иако речиси една и пол деценија брани, Мартин вчера за прв пат доби шанса да дебитира во Премиер лигата.
Тренерот на Вест хем, Мануел Пелегрини реши да му даде шанса на Мартин пред стандардниот Роберт и не згреши. Дебитантот одбрани шест директни удари кон неговиот гол, а успеа да скрати уште 10-тина опасни напади на домаќините. По завршување на мечот, голманот на Вест хем не можеше да верува дека во дебито на „Стемфорд Бриџ“ неговиот тим победи, а тој не прими ниту еден погодок. Мартин буквално се расплаче на теренот, а соиграчите му честитаа за одличните одбрани.
„Ова е нестварно. Никого не изневерив и многу сум задоволен. И јас и татко ми бевме со солзи во очите. Тој цели 21 година играше за Вест хем, а денеска ме гледаше како јас дебитирам за овој клуб и како не им дозволив на играчите на Челзи да дадат гол. Пред мечот имав трема, но на крајот сѐ добро заврши“, рече херојот на Вест хем, голманот Мартин.
What a debut ⚒️
33-year-old David Martin in tears at full-time as he keeps a clean sheet for boyhood club @WestHam on debut win over Chelsea
More: https://t.co/ah9WVnpCUR pic.twitter.com/TYdWgcqgPQ
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 30, 2019
Таткото на Дејвид е Алвин Мартин, легенда на Вест хем каде помина дури 21 година како играч. Алвин го гледаше дебито на својот тим, а веднаш по мечот му честиташе за одличните одбрани.
David Martin hugging his dad @alvinmartin58 in the press box after the match.
What a moment ❤️ pic.twitter.com/eu3gcnK9GL
— West Ham United (@WestHam) November 30, 2019