Каков хаос: Новиот капитен на Рома доби црвен картон на излегување, Жозе влета на терен па и тој поцрвене! (видео)

Рома претрпе потоп во пријателскиот дуел против Бетис со 5-2 бидејќи тројца фудбалери на Волчицата беа исклучени од мечот, а црвен картон доби и Жозе Мурињо поради што влета на теренот.

Специјалниот веќе почна да прави драми и да го привлекува вниманието од фудбалската јавност, а новата сезона уште не е почната. Во 59-тата минута судијата му покажа втор жолт картон на новиот капитен Лоренцо Пелегрини, кој поцрвене на излегување, по што Мурињо влета на теренот да се расправа околу судиската одлука, па и тој си заработи црвен картон.

https://streamable.com/3peklr

По неполни пет минути и заменикот капитен на Рома, Џанлука Манчини, предвреме ја заврши средбата поради вториот жол картон, а пред завршните 10 минути кога Бетис водеше со 3-2, поцрвене и бекот Карсдорп. Тоа му овозможи на шпанскиот тим во финишот да забие уште два гола и да слави со 5-2.

Сепак, од сите седум погодоци во контролката, вреди да се спомне голчиштето на Фекир за водство од 2-1 во првото полувреме. Француската ѕвезда изведе краток корнер, Каналес веднаш му ја врати топката, па Фекир од прва шутираше кон подалечниот агол и ги шокира гостите од Рим со страшно ефе.

https://streamable.com/5olx55

- Оглас -

Најнови вести