Скандал на стартот на Евробаскетот, откако репрезентацијата на Словенија мораше со такси да замине кон салата во Келн, каде треба да го одигра првиот меч на првенството. Селекцијата која е актуелен европски владетел, чекаше да дојде нивниот превоз за до салата, но тоа не се случи, па мораше да се бара алтернативно решение.
На снимката која е објавена на Кошаркарската федерација на Словенија се гледа како неколкумина кошаркари влегуваат во такси за да може навреме да стигнат за дуелот против Литванија.
„Каде е тимскиот автобус? Мораме со такси да одиме на првиот меч“, стоеше во коментарот на видеото.