Голем јубилеј за Меси: Стигна до 1.000 голови на клупско ниво во кои директно учествувал

Лионел Меси со погодокот во победата на Пари Сен Жермен против Нант (4:2) постави уште еден неверојатен рекорд. Аргентинскиот виртуоз стигна до 1.000 погодоци на клупско ниво во кои бил стрелец или асистент.

Во кариерата, Меси има играно само за Барселона и ПСЖ и досега има постигнато 701 погодоци и плус 299 асистенции, што е доволно за јубилеј од 1.000 погодоци. На Меси ова му успеа во само 840 одиграни дуели, што значи дека во просек тој е директно вмешан на 1,19 погодоци по натпревар.

Ако се гледаат сите натпреварувања, Меси е на бројката од 799 голови, што значи дека на следниот дуел на ПСЖ против Баерн во Минхен, може да се израдува на уште еден јубилеј, а тоа е 800 погодок во кариерата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести