10.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Каков крај на есенската полусезона во ПМФЛ, Арсими и Пелистер одиграа спектакл со 6 гола

Арсими и Пелистер одиграа 3-3 во последниот прволигашки меч за 2025 година, и по 16 кола, тимот од Чегране ќе презими на петто, а битолчани на деветто место. Првенството продолжува во средината на февруари.

Пелистерци кои имаат четири меча по ред без пораз, водеа со 2-0 и 3-1, но не успеаја да победат во Гостивар. Арсими покажа дека е тим кој никогаш не се предава и со голови во 81-ва и 83-та минута дојде до израмнување.

Двата тима можеа да победат, па се чини дека ремито беше некако и најправедно.

- Оглас -

Најнови вести