Андрес Иниеста по завршувањето на договорот со Висел Кобе, ја напушта Јапонија и како слободен играч сака кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами, каде што ќе играат неговите поранешни соиграчи Лионел Меси и Серхио Бускетс, а можеби и Жорди Алба.
Иниеста има финансиски многу попримамлива понуда од клуб од Саудиска Арабија, но на 39-годишниот Шпанец некако попривлечна му била идејата кариерата да ја заврши играјќи заедно со Меси и Бускетс во убавиот Мајами.