Фил Џагиелка ретко дава голови, а денеска се најде во неочекувана ситуација, доби шанса да игра во последен момент и тој е стрелецот на првиот гол за Евертон на дербито против Арсенал.
Џагиелка беше планиран да биде резерва, но на загревањето се повреди Кин, па 36-годишниот ветеран максимално ја искористи шансата и ја затресе мрежата на гостите во десеттата минута. Му помогнаа со несмасна интервенција и одбранбените играчи на Арсенал, но за Фил е најважно што успеа да погоди за предност на „карамелите“ од 1:0.
Ова за стоперот на Евертон е само 14-ти гол во дресот на клубот од Ливерпул во 12-та сезона што ја игра на „Гудисон Парк“.
https://www.youtube.com/watch?v=fX0DXqqrv48