Уште по првите извлекувања на носителите, стана јасно дека Италија и Португалија најверојатно меѓусебе ќе решаваат која селекција ќе оди на Светското првенство во Катар, а која ќе испадне.
Двата гиганти се најдоа во истиот дел од групата, што значи дека може да сретнат само во финалето од плејофот, а поразениот нема да оди на СП.
Токму Македонија се најде во овој дел од ждрепката и во полуфиналето прво ќе игра против Италија на гости, па ако успееме да направиме чудо, во финалето ќе играме повторно на гости кај подобриот од Португалија – Турција.
Едноставно за Македонија да оди на СП ќе треба светско чудо.



