Не можеше потешко за Македонија, полуфинале против Италија, па евентуално финале со Португалија, или Турција

Македонија ќе игра против репрезентацијата на Италија во бараж полуфиналето за настап на Мундијалот во Катар и ако победи на гостински терен на 24. март, потоа ќе игра финале и историски нокаут меч на против Поругалија, или Турција.

Ждрепката во Цирих одлучи на патот кон Катар да играме најверојатно со двата последни европски прваци.

Двојки, полуфинале на 24. март: Италија – Македонија, Португалија – Турција, Шкотска – Украина, Велс – Австрија, Русија -Полска, Шведска – Чешка,

Двојки за финалето на 29. март:

Италија/Македонија – Португалија/Турција, домаќин на финалето Португалија, или Турција.

Шкотска/Украина – Велс/Австрија, домаќин на финалето Велс, или Австрија.

Русија/Полска – Шведска/Чешка, домаќин на финалето Русија, или Полска.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести