Каков потег: Навивач побара автограм на микробранова печка (Видео)

Боксерот Крис Еубанк јуниор, кој викендов треба да боксува во Њукасл, вечерва имаше неверојатна средба со еден фан. Додека шеташе по улица, негови фанови се фотографираа со боксерот, кога во еден момент се појави момче кое носеше микробранова печка.

Без многу размислување, момчето побара од боксерот да му даде автограм на микробрановата печка. Крис Еубанк јуниор малку се збуни, но на крајот му ја исполни желбата на навивачот и се потпиша на микробрановата печка.

- Оглас -

Најнови вести